Никола Јокиќ мина голем дел од летото на подготовки со српската репрезентација за двата меча од квалификациите за Мундобаскет 2029, на кои неговата селекција славеше над Исланд и над Италија.
Статистички извонредниот центар не доминираше како што знае и умее, Јокиќ синоќа против Италијанците постигна осум поени и осум скокови, но селекторот Алимпијевиќ обелодени дека најдобриот српски кошаркар се соочувал со сериозни здравствени проблеми.
„Сакам да кажам една работа – сите момци го дадоа максимумот. Но, Јокиќ, нашиот капитен, беше многу болен во последните три дена. Прими многу инфузии, вклучувајќи и денеска. Размислувавме како стручен штаб, но тој одби да се откаже, инсистираше да игра, д ане го остави својот тим на цедило. Дојде овде да игра, ниту еднаш не се пожали, даде се од себе од првата до последната минута што ја мина на паркетот. Ние сме горди што го имаме во нашиот табор“, истакна селекторот Алимпијевиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
