Поранешниот македонски селектор Алек Јончевски има нов ангажман откако потпиша договор со косоввскиот клуб Велазними. Екс-стратегот на МЗТ Скопје со овој потпис се враќа назад во косовската кошарка, каде претходно ги водеше екипите на Трепча и на Башкими.
Јончевски минатата сезона беше предводник на Атеморому во унгарското првенство, а во својата интернационална кариера ги има водено и Сласк во Полска, како и српскиот суперлигаш Спартак Суботица.
„Денеска, нова ера почнува во Ѓаковица. Добредојде во црвено-црното семејство, Алек. Заедно за братството, заедно кон новите цели“, објави Велазими.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
