Јончевски: Разделба од Кожув во пријателска атмосфера

Алек Јончевски од вчера повеќе и официјално не е тренер на екипата на Кожув, заминувајќи од функцијата што ја изавршуваше во последните две и пол сезони.

Трофејниот стручњак по заболувањето од Covid-19 беше заменет со неговиот помошник Николов, по што управата на Кожув реши да го задржи младиот стратег и откако Јончевски оздраве и беше способен да се врати на извршување на своите работни задачи. Вчера и официјално беа договорени условите за раскин на договорот, по што Јончевски преку својот профил на фејсбук се заблагодари на соработката во изминатиот период.

„Благодарност до КК Кожув за укажаната доверба изминатите две и пол години, да го предводам клуб како шеф на стручниот штаб. Воедно, благодарност до Градот Гевгелија, сите негови жители и особено „Фантоми“, кои секогаш беа шестиот играч на терен, нудејќи поддршка во победите, но и во поразите. Сепак, концептот и идејата за понатамошното функционирање на клубот беа различни во однос на очекувањата од страна на управата и реалните можности, па се разделивме во спортска и пријателска атмосфера. Му покакувам на КК Кожув, стручниот штаб и на играчите успех во натамошното натпреварување“, напиша Јончевски.

Се вчитува...