Централниот дефанзивец на Манчестер Сити, Јошко Гвардиол, е новата голема желба на Реал Мадрид. Кралскиот клуб во последните денови активно ја зајакнува одбранбената линија на тимот, на барање на идниот нов тренер Жозе Мурињо.
Мадрид веќе практично ги доведе Ибрахим Коната, кој доаѓа како слободен агент од Ливерпул, и Дензел Дамфрис, за кого Реал ќе му плати на Интер 20 милиони евра.
Според шпанските медиуми, Мурињо сака да го доведе и Гвардиол. Флорентино Перез исто така верува дека Хрватот во моментов е најдобрата опција за командант на одбраната, а негова голема предност е што може да игра добро и како лев бек.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
