Јошко Гвардиол има откупна клаузула од 110 милиони евра

Јошко Гвардиол дополнително го зголеми интересот од страна на европските гиганти по успешниот настап за Хрватска на Светското првенство во Катар каде поранешната југословенска држава во освои бронзениот медал.

Младиот 20-годишен стопер за кој Челси изрази голем интерес, а испрати и понуда од 90 милиони евра изминатото лето се најде и на радарот на Реал Мадрид па и покрај тоа што Лајпциг се обидува на секој начин да го задржи во своите редови јасно е дека нема да може уште долго да одолева на богатите понуди.

Германските медиуми откриваат дека Хрватот во договорот со германскиот тим има откупна клаузула од 110 милиони евра која може да биде активирана по летото 2024 година па ќе биде интересно да видиме дали во меѓувреме некој ќе го „одврзе ќесето“ за еден од најперспективните дефанзивци на денешницата.

Се вчитува...