Јована Мицевска во топ 5 одбрани

Женската ракометна репрезентација на Македонија со пораз од Црна Гора (21-29) го стартуваше настапот на ЕХФ ЕВРО купот. Една од најдобрите поединци на новата македонска репрезентација беше голманката Јована Мицевска која натпреварот го заврши со единаесет одбрани.

Една од одбраните на нашата голманка се најде меѓу петте најдобри во воведната рунда во која покрај мечевите од ЕХФ ЕВРО купот се најдоа и тие од квалификациите за следното Европско првенство на кое еден од коорганизаторите е и Македонија.

 

Се вчитува...