Јованчев горд: За ова работевме две и пол години

Еден од најзаслужните за огромниот успех на кадетската репрезентација на Македонија и пласманот во А дивизијата сигурно е селекторот Александар Јованчев. По денешниот убедлив триумф над Чешка скромниот кормилар јавно им се заблагодари на сите за поддршката, свесен за големината на остварениот успех.

„Ова е неверојатно, ова е она за што работевме две и пол години, а сега ни се остварува. Им честитам најпрвин на играчите и на членовите на стручниот штаб, како и на координаторот при МКФ, сите оние кои веруваа во мене и ме ставија на чело на овој проект. Голема благодарност до сите оние кои ни даваа поддршка во текот на овој шампионат“ – изјави Јованчев.

Се вчитува...