Прв натпревар и прва победа на машката кадетска репрезентација на Македонија, на отворањето од групата Д на ЕП од Б дизивијата. Македонија беше подобра од Украина во првото коло, и има одличен почеток на турнирот.
Убедлив триумф, и игра која го радува предводникот на оваа селекција, Александар Јованчев, кој потенцира еден и тоа како битен сегмент во играта на неговите избраници.
„Одличен старт на првенството. Договорот беше уште од почетокот на пристапиме со агресивна игра и постојано да вршиме притисок на нивните бекови. Агресивноста во одбрaната ни донесе 20 освоени топки, како и 29 загубени топки на противникот. Одбраната секогаш го подига тимскиот дух , кој пак во нападот донесе 24 асистенции. Наметнавме наш ритам кој противникот тешко го пратеше. Ова е само почеток и мора да останеме фокусирани. Ни следува тежок меч со Шведска. Шведска е фаворит на следниот натпревар, но ќе дадеме се од себе да ги одбраниме боите на националниот дрес“- анализира Јованчев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА