Горан Пандев и Џенова ја продолжија серијата без пораз, но мечот со Фросиноне на домашен ерен дефинитивно е еден од оние натпревари на кои од составот на Чезаре Прандели се очекува цел плен. Сепак, и покрај доминацијата на теренот домашните фудбалери не успеаја да го најдат патот до мрежата на гостите, на крајот задоволувајќи се со само еден освоен бод.
Горан Пандев денеска го прослави својот јубилеен, 400. натпревар во „Серија А“, Македонецот влезе во игра на стартот од второто полувреме, но не успеа да го круниса овој настап со поодок или победа на својот тим.
Фабио Квалјарела постигна два гола во првите 11 минути од натпреварот и донесе победа на Сампдорија на гостувањето против СПАЛ (1-2), додека Удинезе со погодокот на Пусето во 79. минута стигна до цел план на мечот со Болоња (2-1).
Резултати Италија:
СПАЛ – Сампдорија 1-2, Удинезе – Болоња 2-1, Џенова – Фросиноне 0-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА