Јунајтед еден месец без Лук Шо

Оле Гунар Солскјер се соочува со нов проблем околу составот на Манчестер Јунајтед по повредата што ја заработи Лук Шо. Левиот бек се повреди на дуелот со Евертон, а лекарските прегледи покажаа проблем со мускулот на легвата нога, по што ќе следи пауза од еден месец од фудбалските терени.

Ова значи дека Шо ќе ги пропушти премиерлигашките пресметки со ВБА, Саутемптон и со Вест Хем, како и дуелите од ЛШ против ПСЖ и Башакшехир. Добра вест за Солскјер е што барем втората опција за оваа позиција во тимот, Алекс Телес, во меѓувреме ќе оздрави од коронавирус, па ќе биде на располагање во продолжението од сезоната, по репрезентативната пауза.

Манчестер Јунајтед очајно ја стартуваше новата сезона и моментно се наоѓа на 14. позиција на табелата со само десет бода.

Се вчитува...