Јунајтед како во времето на Фергусон – Луд пресврт за три бода против Саутемптон (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед конечно на еден натпревар потсети на златните денови од ерата на Сер Алекс Фергусон. „Црвените ѓаволи“ со епски пресврт стигнаа до триумф на гостувањето кај Саутемптон од 3-2.

Домаќините по поврото полувреме имаа предност од 2-0, откако за „светците“ стрелаа Беднарек во 23. и Вард Прос во 33. минута.

Во вториот дел избраниците на Оле Гунар Солксјер одиграа далеку подобро и преку Бруно Фернандеш во 60. и Единсон Кавани во 74. и 90. минута успеаја да стигнат до голема победа.

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...