Јунајтед со една нога во финалето од Лига купот на Англија… (видео)

Манчестер јунајтед е многу блиску до финале во Лига купот на Англија, откако со предност од 2-0 го заврши првиот натпревар од полуфиналната пресметка против екипата на Хал.

Јунајтед триумфираше со 2-0 на „Олд трафорд“ во првиот полуфинален меч благодарение на головите на Хуан Мата во 55. минута и Фелаини во 87. минута од натпреварот.

Juan Mata Fantastic Goal HD | Manchester United… by footballTVMarouane Fellaini Goal HD – Manchester United 2… by Live1Goals

„Црвените ѓаволи“ од првата минута имаа иницијатива на средината од теренот, но во првото полувреме не успеаја да искористат неколку одлични можности. Сепак, во вториот дел им беше потребно само десет минути за да дојдат до погодокот на Мата, а на асистенција на Мкхитарјан, за предност од 1-0.

Реванш натпреварот се игра на 26. јануари.

Се вчитува...