Јунајтед со „мега“ понуда до Левандовски, Баерн во паника!

Роберт Левандовски синоќа за 10. минути постигна три гола за Салцбург, а денеска одекнаa гласини дека добил „мега“ понуда за да си замине од Баерн. Манчестер Јунајтед се подготвува за ремонт во своите редови, а како прво засилување по кое ќе тргне ќе биде потписот на Левандовски.

Според доверливиот „Билд“, постојат проблеми меѓу Левандовски и челниците на клубот од Минхен, а ваквата лоша атмосфера меѓу двете страни сака да ја искористи тимот на Јунајтед.

Баерн има јасна политика и хиерархија, преговорите ќе бидат тешки, но понуда за Левандовски со сигурност ќе остават на маса. Роберт е во неверојатна форма, сигурно може да одигра уште три сезони на врвно ниво и затоа очекува да има исти примања и силен договор до 2025 година.

Манчестер Јунајтед ќе мора да донесе силна „деветка“, Роналдо наполни 37 години, Кавани заминува на лето, Рашфорд е далеку од посакуваната форма, па математиката во „Театарот на соништата“ е прилично јасна.

Јунајтед не може да се надева за Халанд, но може да очекува успешни преговори со Левандовски. Не постои „ѓавол“ навивач кој не би сакал да го види Полјакот во црвениот дрес. На потег е Баерн Минхен, доколку Лева не потпише нов договор, дефинитивно ќе замине на лето.

Се вчитува...