Јуниорската кошаркарска репрезентација на Македонија до 18 години, ја оствари и четвртата победа на Европското првенств Б-дивизија, откако денеска го победија и Кипар убедливо со 102-61, и се пласираа во четвртфиналето на ова натпреварување.
Избраниците на Горан Андреевски претходно ги совладаа селекциите на Ирска, БИХ и Чешка, по што следуваше и најубедливиот триумф, за потврда на квалитетот.
Кипраните беа лесен плен, со оглед дека завршија на последното место на табелата.
Уште од стартот Македонија направи разлика од 15-0, и тука беше јасно кој е кој на овој меч. Во еден миг Македонија имаше пердност и од 33 поени разлика, со што му даде можност на селекторот да им даде шанса на сите кошаркари.
Стефан Стојковиќ со 20 поени беше најефикасен, додека Луканоски имаше 17 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА