Јуниорите со убедлив пораз од Финска, па ќе разигруваат за 13. место на ЕП Б-дивизија

Македонската јуниорска кошаркарска репрезентација не успеа да обезбеди можност во разигрувањето за повисок пласман на Европското првенство од Дивизијата „Б“, по денешниот убедлив пораз од Финска, од 98-77.

Натпреварот беше решен уште во првото полувреме кое Финците го добија со повеќе од убедливи 55-27.

Во вториот дел македонските кошаркари се вратија добивајќи ја третата четвртина со 32-24, но тоа беше се, а недоволно за било каков пресврт.

Најефикасен во македонскиот состав беше Цветковски со 20 поени.Даневреализираше 15 поени, на кои додаде и пет скока, додека капитенот Ѓорѓевиќ го заврши натпреварот со седум поени, шест скока и дури 15 асистенции.

Веќе утре нашите репрезентативци ги очекува нов предизвик. Во дуелот против Исланд, со почеток од 15:30 часот, ќе се борат за место во разигрувањето за 13. позиција на шампионатот во Ријека и Опатија.

Се вчитува...