Јуниорската репрезентација на Македонија го претрпе и третиот пораз на ЕП за кошаркарки до 18 години – Б дивизија откако вечерва загубија од врсничките од Велика Британија со убедливи 43-59.
„Црвено-жолтите“ платија за слабата прва четвртина во која не само што беше катастрофален нападот (четири постигнати поени за 10 минути), туку и одбраната беше под секое ниво, па Британките постигнаа дури 21 поен.
Негативата беше голема, па иако вториот период го добивме со 11-10, а во третиот дозволивме само шест поени (10-6 за Македонија), тоа бeше недоволно за нашите млади кошаркарки да се вратат целосно во натпреварот, што на крајот го загубија со конечни „минус 16“.
Јана Пислевска беше најефикасна во македонскиот табор со 16 поени, воедно и единствена со двоцифрен ефект, додека со осум постигнати поени овој дуел го заврши Теа Трајковска.
Нашата селекција има три порази во првите три средби на овој шампионат, а во последната рунда од оваа групна фаза ќе се сретне со Словачка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
