Јута за 157,5 милиони долари ја задржа младата ѕвезда

НБА тимот Јута џез и Кејонте Џорџ постигнаа договор вреден 157.7 милиони долари за продолжување на соработката на пет години. Со новиот договор, младиот бек доби значајна улога во долгорочните планови на франшизата.

Информацијата ја објави новинарот Шемс Чаранија.

Џорџ беше избран на драфтот во 2023 година како 16-ти пик, откако Јута го доби изборот од Минесота тимбервулвс во трејдот за Руди Гобер. Само три години подоцна, 22-годишниот бек стана еден од најдобрите кошаркари на Јута.
Минатата сезона, Џорџ ја заврши со просечни 23.6 поени и 6.1 асистенција по натпревар.

 

 

 

Се вчитува...