Јуве никогаш не се предава – и на крајот победува

Италијанскиот првак Јувентус оствари важна победа (1-2) на „Олимпико“ против Лацио. Иако тимот на Масимилијано Алегри имаше негатива, сепак, успеа да направи комплетен пресврт и на крајот победи.

Емре Чан во во 59.минута си постигна автогол и му донесе предност на Лацио. Но, Жоао Кансело израмни во 74.минута, а Кристијано Роналдо од пенал донесе триумф во 88.минута од средбата. Португалецот постави уште еден рекорд. Тој постигна голови на последните осум гостувања за Јувентус.

Јувентус по оваа победа има 59 бода на врвот на табелата во Серија А, дури 11 повеќе од второпласираниот Наполи.

Се вчитува...