Јуве само до реми со Сасуоло, Рома триумфално со Верона

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски не доби шанса за настап во составот на Удинезе на мечот против Лацио во 33. коло од Серија А, кој заврши без голови.

Јувентус, пак, ремизираше 3-3 во голеадата на гостувањето против Сасуоло. Данило, Игуаин и Алекс Сандро беа стрелци на головите за „Старата дама“.

Рома победи со 2-1 против Верона, а Фиорентина дојде до победа од 1-3 на гостувањето против Лече.

Се вчитува...