Јуве – шампион: Деветта титула по ред за „Старата дама“… (ВИДЕО)

И деветта сезона едноподруго Јувентус го освојува трофејот во Серија А. На две кола пред крајот на италијанскиот шампионат, „црно-белите“ ја осигураа новата титула со триумфот на домашен терен против Сампдорија од 2-0.

Патот до Скудетото го отвори Кристијано Роналдо со прекрасниот гол во седмата минута од судиското продолжение во првото полувреме, а по извонредната асистенција од Пјаниќ.

 

Конечните 2-0 ги постави Бернардески во 67. минута од натпреварот, без сомнение за конечна огромна радост на сите фанови на „Старата дама“ ширум светот. Роналдо во финишот промаши и пенал за уште поубедлива победа на Јувентус.

За Јувентус единствен проблем во ноќта во која ќе се слави е повредата на Пауло Дибала кој беше принудно заменет во 40. минута.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...