Јувентус дава 40 милиони евра за младата ѕвезда на Рома

Италијанскиот првак Јувентус во летниот преоден рок ќе понуди 40 милиони евра за новата млада ѕвезда во Серија А, Николо Заниоло од Рома. Тој од Интер се пресели на „Олимпико“ во Рим како дел од трансферот на Раџа Наинголан, но веднаш доби шанса и блесна во полн сјај. За само половина сезона се наметна како одличен фудбалер за врска и одигра 13 натпревари за „волчицата“.

Раководството на Јувентус смета дека тој би можел да биде голема ѕвезда на италијанскиот фудбал и го посакува во Торино по завршувањето на сезоната. Заниоло има договор со Рома до 2023 година, а евентуалното негово доаѓање би значело и заминување за Бернардески.

 

 

Се вчитува...