Јувентус го продава Даглас Коста за да може да го купи Раул Хименез од Вулвс

Италијанскиот шампион Јувентус го става бразилскиот интернационалец Даглас Коста на трансфер пазарот како би можел во своите редови да го доведе напаѓачот на Вулверхемптон Вулвс, Раул Хименез.

Даглас Коста не е задоволен од својата минута која ја има во „старата дама“ и затоа и тој сака да замине од клубот, нешто со што се согласуваат од раководството на клубот, бидејќи тренерот Маурицио Сари не смета многу на услугите на Бразилецот. Доколку дојде до продажба на Коста, од клубот ќе тргнат во офанзива по Раул Хименез кој има одлична сезона во Вулверхемптон.

Хименез сезонава во дресот на Вулвс запиша 36 настапи на кои постигна 17 гола.

Се вчитува...