Јувентус и без половина екипа го освои „Берлускони купот“

Јувентус триумфираше на дуелот против Монца со 2-1, освојувајќи го Берлускони Купот иако тренерот Алегри не можеше да смета на голем број стандардни првотимци.

Кристијано Роналдо не се најде ниту меѓу резервите на овој меч, исто како и Пауло Дибала, а Алегри се уште е без помошта на италијанските репрезентативци Бонучи, Кјелини, Киеза и Бернардески, кои добија заслужен одмор по шампионската титула на ЕВРО 2020.

Во една таква ситуација шанса добија неколку млади фудбалери, Јуве поведе со погодокот на Ранокија, а на 2-0 зголеми Кулушевски. Конечните 2-1 во самиот финиш ги постави Д’Алесандро.

Се вчитува...