Јувентус и без Роналдо е пресилен за Удинезе

Италијанскиот првак Јувентус го продолжи победничкиот чекор во Серија А совладувајќи го Удинезе на домашен терен со 4-1. Тренерот Масимилијано Алегри го сочува Кристијано Роналдо на клупата, но и без него, како и без Дибала и Манџукиќ, тимот беше убедлив.

Првите два гола ги постигна Моисе Кин, третиот од пенал беше дело на Емре Џан, а погоди и Блес Матуиди. Почесниот погодок за Удинезе го постигна Ласања во 90.минута од натпреварот.

По 27 одиграни кола, „старата дама“ има освопено фантастични 75 бода, дури 19 повеќе од Наполи.

Се вчитува...