Јувентус и Интер сакаат ист тренер за следната сезона

Јувентус и Интер влегуваат во трка за потписот на Маурисио Покетино, пренесуваат италијанските медиуми. И покрај тоа што овие два тима се борат за скудетото, тие не се задоволни од работата која што ја вршат тренерите, Маурицио Сари и Антонио Конте.

Сари и покрај тоа што има тим преполн со ѕвезди, веќе сезонава загуби две титули во Купот на Италија од Наполи и Суперкупот од Лацио. Од друга страна Конте кој потроши многу пари во последните два преодни рока и покрај тоа што е втор на табелата од раководстовот на Интер очекуваа многу повеќе, а особено во Лигата на шампионите каде „нероаѕуирите“ го завршија настапот во групната фаза.

Покетино во моментов е без ангажман откако доби отказ од Тотенхем поради слабиот старт на сезоната и покрај тоа што минатата сезона го одведе клубот во историското прво финале во Лигата на шампионите.

Се вчитува...