Јувентус лесно го доби Киево

Италијанскиот првак Јувентус на рутински начин стигна до 18.победа во Серија А. Во Торино убедлив пораз (3-0) доживеа Киево. Првиот погодок беше дело на Даглас Коста во 13.минута, а пред крајот на првиот дел Емре Чан зголеми на 2-0.

Во второто полувреме Кристијано Роналдо не реализира пенал, а Даниеле Ругани го постигна третиот гол за „старата дама“ во 84.минута.

Јувентус е лидер на табелата со 56 бода по 20 кола, девет повеќе од второпласираниот Наполи.

Се вчитува...