Јувентус лесно го среди Фросиноне

Италијанскиот првак Јувентус на рутински начин ја обезбеди 21.победа во Серија А оваа сезона и се „загреа“ за дуелот против Атлетико Мадрид во ЛШ. „Старата дама“ го совлада Фросиноне со 3-0 на домашен терен.

Пауло Дибала во шестата минута го отвори резултатот, а Леонардо Бонучи зголеми на 2-0 во 17.минута.

Кристијано Роналдо ја продолжи серијата голови и погоди во второто полувреме за конечни 3-0.

Се вчитува...