Јувентус со Киеза во дуелот со Милан?

Фудбалерот на Јувентус, Федерико Киеза е се поблиску до „кам-бек“ на терените после опоравување на повредата на коленото. Играчот на „бјанконерите“ добро оди со рехабилитацијата, и наскоро ќе се приклучи на тренинзите на својот тим. Тој би можел да стигне да се опорави веќе на дербито со Милан, на големо задоволство на навивачите на „Старата дама“.

Италијанските медиуми исто така истакнуваат дека и рехабилитацијата на Пол Погба оди на добро, па се очекува тој да биде подготвен за натпреварот против Бенфика на 25. октомври во Лисабон.

Киеза се повреди на 9. јануари оваа година на дуелот со Рома, кога ги скина лигаментите. Паузираше седум месеци по што се очекува за десетина дена да се приклучи на тренинзите на својот тим.

Се вчитува...