Јувентус тргнува по потписот на Обамејанг

Арсенал се повлече од преговорите за нов договор со Пјер-Емерик Обамејанг и е подготвен да ја продаде првата ѕвезда на клубот. Целата ситуација ја следи италијанскиот шампион Јувентус, кој би сакал да го засили нападот со Габонецот.

Во Лондон не сакаат да ризикуваат и во 2021 година да останат и без Обамејанг и без отштета бидејќи тогаш му истекува договорот и може да замине како слободен фудбалер. Така би се повторил случајот Арон Ремзи кој минатата сезона по долги години го напушти „Емирати“ и премина во Торино.

Вредноста на Обамејанг е некаде околу 60 милиони евра, но „топчиите“ се подготвени да се ослободат од него и за двојно помала цена. Покрај Јувентус во трката за потпис на Габонецот е и Интер, кој доколку Лаутаро Мартинез замине во Барселона, во Обамејанг гледа негова замена.

Се вчитува...