Јувентус планира да доведе најмалку уште едно врвно засилување во своите редови до крајот на преодниот рок, а високо на листата со желби на „старата дама“ се наоѓа Френки де Јонг.
Холандскиот плејмејкер станува прекуброен во Барселона откако на големата конкуренција во средниот ред од пред неколку дена беше додаден и Родри, кој настапува на иста позиција како и Де Јонг. Екс-фудбалерот на Ајакс згора на тоа е повреден и ќе паузира уште најмалку два месеци, па челниците на Барса се подготвени да дадат зелено светло за негово заминување.
Јувентус верува дека Де Јонг би оставил печат во Калчо-лигата и „црно-белите“ веќе почнаа први преговори за да го доведат холандскиот репрезентативец во своите редови. Со оглед на повредата, за Јувентус доаѓа во предвид само позајмица до крајот на сезоната, за која италијанскиот гигант не би платил ништо, туку само би ја покрил целосно платата на фудбалерот.
Ливерпул со слична формула го доведе Араухо од Барселона, па челниците на Јуве се надеваат дека ќе добијат зелено светло за со истиот рецепт да стигнат до услугите на Де Јонг.
Самиот фудбалер е свесен дека минутажата во Барса би му била сведена на минимум по доаѓањето на Родри, па преселба во друг европски гигант е сосема добра опција за Де Јонг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
