Кадетите добија страшна група во Скопје

Кадетската кошаркарска репрезентација на Македонија немаше среќа во ждрепката за Европското првенство до 16 години, А-дивизија кое од 14. до 22 август следната година ќе се одржи во Скопје. Ждрепката посака нашата репрезентација да игра во групата „Д“, заедно со селекциите на Шпанија, Италија и Израел.

Нашата репрезентација на играчи до 18 години, ќе игра во групата „Д“ од Европското првенство од Дивизијата „Б“ кое ќе се игра во Орадеа. Наши противници на овој шампионат во Романија се репрезентациите на: Летонија, Данска, Белорусија, Шведска и Косово. У20 репрезентацијата ќе биде дел од групата „Ц“ Б-дивизија во којаза противник ќе ја имаат домашната Грузија, како и селекциите на Русија, Естонија и Норвешка.

Женската кадетска селекција години ќе игра во Сараево. А во периодот од 17. до 26. Јули 2020 година, кога се игра првенството од Дивизијата „Б“  ќе биде дел од од групата „Ц“ во која се уште и селекциите на Полска, Романија, Ирска, Словачка и Косово.

Женското јуниорско Европско првенство  од дивизија „Б“ ќе се одигра од 3. до 12. Јули, а домаќин ќе биде Австрија. Нашата селекција ќе биде дел од групата „Д“ во која уште ќе се натпреваруваат и нивните врснички од Хрватска, Шведска, Естонија и Бугарија.

Се вчитува...