Кадетите ги пречекуваат Израел, Полска и Чешка на турнир во Скопје

Kадетската кошаркарска репрезентација ги привршува подготовките во Скопје, за настапот на континенталниот собир кој е закажан за во август. Претстојниот викенд репрезентатaцијата до 16 години ќе ги одигра последните пријателски натпревари во рамки на подготвителниот период. Соодветните национални селекции на Израел, Полска и на Чешка ќе гостуваат во Скопје на пријателски меѓународен турнир кој ќе се одигра во спортската сала „Кале“.

Ден по одигрување на турнирот кадетите ќе заминат за Маврово на финални подготовки, а на седми август предвидено е заминувањето за Удине, Италија на Европското првенство за кошаркари до 16 години.

Распоред на натпревари

26.07.2019
17:00ч. Полска – Чешка
19:00ч. Македонија – Израел

27.07.2019
17:00ч. Чешка – Израел
19:00ч. Полска – Македонија

28.07.2019
10:30ч. Чешка – Македонија
19:00ч. Израел – Полска

Се вчитува...