Кадетите го дознаа ривалот што им стои на патот до медал…

Кошаркарите до 16 години остварија голем успех со пласманот во четвртфиналето од Европското Првенство – Б дивизија што се одржува во Сараево, Босна и Херцеговина.

Четирите победи во низа им ја донесоа на нашите кадети втората позиција, па во наредниот меч тие ќе се сретнат со првопласираната селекција од групата А – Романија. Навидум ривал без преголемо реноме, но мора да се истакнат извонредните игри што Романците ги прикажаа пред се во првите три кола, кога ги декласираа Шведска со 70-47, Велика Британија со 92-70 и Португалија со 67-58.

Следеше неочекуван пад и убедлив пораз од Ирска со 54-74, за денеска да биде потврдено првото место против селекцијата на Луксембург (83-71).

Мечот меѓу Македонија и Романија ќе се игра в четврток со почеток во 21 часот.

Се вчитува...