Кадетите од „минус 18“ до победа над Унгарија

Кошаркарската репрезентација на Македонија  до 16 години извојува победа против селекцијата на Унгарија со убедливи 95-76, со што обезбеди пласман во битката за 13. место на Европското првенство (Б-Дивизија).

Нашите млади кошаркари направија кам-бек, откако пред самиот крај на втората четвртина, „црвено-жолтите“ се најдоа во негатива од дури 18 поени разлика (33-51).

Македонија полека, но сигурно почна да ја топи предноста на противникот и целосно да се враќа во игра. Клучниот удар нашите кадети го зададоа во третиот период, кој го добија со 33-15, а оваа серија им донесе водств на стартот од последната 69-68. Во последниот период продолжи одличната игра за конечен триумф од 95-76.

Шабани запиша нов дабл-дабл од 24 поени и 11 скока, Котевски имаше 22 поени, додека Коневски 17.

Се вчитува...