Кадетите поразени од Бугарија на контролата во „Кале“

Машката селекција на Македонија до 16“ години го одигра и првиот контролен меч во подготвителниот период. Во СРЦ „Кале“ во Скопје гостуваше соодветната селекција на Бугарија која беше подобра од нашите надежи со 64-79.

Со 12 поени Терзиевски беше прв стрелец во нашата селекција. Етимовски имаше 12, а од стартерите, Ивановскии Марјановиќ реализираа по десет поени.

На овој прв тест во подготвителнииот период, селекторот Александар Јованчев им даде шанса на сите 17 кошаркари кои во моментов ги има на располагање.

Утре од 12.часот, двете кадетски селекции ќе одиграат уште еден контролен натпревар, повторно во СРЦ „Кале“ во Скопје.

Се вчитува...