Кадетите потфрлија и со Израел за враќање во „Б“ Дивизија

Македонската кошаркарска репрезентација до 16 години го забележа петтиот пораз на Европското првенство во А-Дивизија кое се одржува во Скопје. Во битката за пласман помеѓу 13 и 16 место нашите кошаркарки загубија од Израел со 48-71 со што го загубија и местото меѓу најдобрите европски селекции во категоријата.

Израелците подобро го започнаа натпреварот и веднаш успеаја да го наметнат своето темпо по што поведоа со 11-21 по првите десет минути игра. Промена на семафорот немаше до крајот на полувремето, Израелците ја диктираа играта па ја зголемија предноста на 19-39.

Ниската петорка вроди плод во второто полувреме во кое Македонија заигра на повисоко ниво во нападот, а добрата реализација на слободените фрлања ги врати „црвено-жолтите“ на едноцифрена негатива (46-54) на почетокот на последните десет минути, но избраниците на Јованчев немаа сили за целосен камбек.

Со 16 поени Петровиќ беше најрасположен во нашиот тим, додека него го следеше Јаничиќ со 14 поени и 6 скокови. За Израел Мамо постигна 17 поени и 10 скокови, а Келер 16 поени и 6 асистенции.

Се вчитува...