Кадетите повторно поразени од Хрватска

Кошаркарската репрезентација на Македонија до 16 години го загуби и вториот контролен натпревар против Хрватска.

По вчерашниот убедлив пораз младите Хрвати и денеска беа убедливи против нашите надежи овојпат со 91-67.

рвaтските кадети имаа подобар почеток, односно многу подобра реализација во нападот, која ги донесе до сосема солидна предност од девет поени, (21-12).

Но нашиот млад состав успеа да фати приклучок, во средината на втората четвртина кога со мини серија од (7-2), разликата ја сведовме на три поени (25-28). Но ное го задржавме континуитетот на реализација, што противникот го искористи да поведе и со двоцифрени (37-27).

Второто полувреме Хрватска го отвори со серија од 16 поени, со кои стигна до високи, и недостижни, (55-30) во пет минути од играта. До истекот на третиот период, нашите млади кошаркари дојдоа на нешто пониска негатива, (62-41).

Лука Марјановиќ реализираше 18 поени (имаше и седум скока, шест асистенции). Најков и Ѓорѓевиќ и Терзиевски постигнаа по девет поени.

Се вчитува...