Кадетската репрезентација на Македонија забележа уште една победа на Европското првенство – Б дивизија што се одржува во Скопје откако денеска нашите млади кошаркари рутински триумфираа и против Португалија со 70-68. Откако несреќно останаа без пласман во четвртфиналето, избраниците на селекторот Јованчев рутински се справуваат со ривалите во борбата од 9-16 место, најпрвин славејќи против Данска, а денеска и против Португалија.
Младите македонски кошаркари целата работа ја завршија уште во првото полувреме, откако првите десет минути ги завршија со предност од 21-14, а потоа продолжија да доминираат и во вториот период на одмор заминувајќи со 45-30. Во вториот дел дојде до пад на концентрацијата, португалските кадети успеаја да ја намалат големата негатива, а во последната минута и да дојдат на само четири поени разлика (69-65). Нешовиќ погоди едно од двете слободни фрлања, по што Португалците погодија тројка во последните секунди, предоцна бидејќи Македонија сепак успеа да слави со конечни 70-68.
Ѓорѓевиќ со 22 поени беше најефикасен во македонскиот табор, а одлична игра прикажа и Алексеј Нешовиќ со дабл-дабл од 20 поени и 12 скокови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА