Како би изгледал Манчестер Јунајтед под водство на Покетино?

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер се наоѓа под голем присток на клупата на „црвените ѓаволи“. Лошиот почеток на сезоната во Премиерлигата, каде Јунајтед се наоѓа на 14. место на табелата, како и поразот од 2-1 на гостувањето кај Башакшехир во последното коло во рамките на Лигата на шампионите повторно го отвори прашањето за наследник на клупата на најтрофејниот англиски клуб.

Најзвучното име продолжува да биде Маурицио Покетино, кој со Тотенхем покажа дека со млади играчи можат да се направат големи резултати, а како што пренесуваат медиумите од Островот челниците на Манчестер веќе го контактирале Аргентинецот.

Интересно би било да се види како ќе изгледа Јунајтед под негово водство. Очекувањата би биле составот да игра во формација 4-2-3-1 со Де Хеа на голот, а Ван Бисака, Туанзебе, Мегваер и Лук Шо во одбраната.

Играчите за врска од средниот ред би можеле да бидат Ван де Бек и Мектоминеј, додека во офанзивниот ред би се нашле Гринвуд, Рашфорд и Марсијал, зад кои би играл Фернандеш.

Се вчитува...