Како изгледа влегување на гостински тим на стадион во Првата лига (ФОТО)

Ковид – 19 си бара строги протоколи за однесување. Овој викенд стартува новата сезона во Првата фудбалска лига, а екипите мора да се прилагодат на новите пропишани протоколи, усогласени од Институтот за јавно здравје и Фудбалската федерација на Македонија.

Тимот на Работички пристигна на стадионот во Ѓорче Петров. Фудбалерите носат маски, а на вратата пред да влезат на стадионот им се мери телесна температура. Внатре влегуваат само пријавените фудбалери, тренери и членови на раководството на претходно поднесен список.

Натпреварите се играат без присуство на публика, но никој не може да ги спречи ѓорчепетровци да гледаат фудбал од насипот на реката Вардар.

Се вчитува...