Поради руската агресија врз Украина – Наполи „заштедил“ 20 милиони евра на Кварацхелија

Грузискиот фудбалер Квича Кварацхелија е новиот миленик на навивачите на Наполи. Грузиецот има импресивен старт во новиот дрес, и на пет меча постигна четири гола.

Кварацхелија игра магично, а Наполи го ангажираше од Динамо Батуми за само 10 милиони евра. Со тоа италијанскиот тим „спасил“ 20 милиони, односно не платил 30 милиони, колку што бараше за неговите услуги Рубин Казан.

Кога Наполи преговарал со Рубин, тие барале 30 милиони евра за услугите на Грузиецот. Италијанците ја одбиле таа сума, а потоа со почетокот на офанзивата на Русија врз Украина, се носи одлука сите странски играчи може да си заминат од Русија без никаква отштета. Кварацхелија заминува во Грузија, во тимот на Динамо Батуми, кој добива 10 милиони евра за неговите услуги.

Така најголем „лузер“ од оваа ситуација е тимот на Рубин кој наместо да инкасира голема сума на пари, Динамо Батуми сега си „лапна“ 10 милиони евра од трансферот.

Се вчитува...