Реал Мадрид ќе му се спротивстави на Олимпијакос во големото финале од Супер-купот на Евролигата што годинава премиерно се одржува, и тоа во Абу Даби.
Второто полуфинале меѓу Реал и Дубаи донесе жестока битка и беше решено со продолжение од пет минути, во кое поумешни беа кошаркарите на Реал и стигнаа до посакуваната победа од 98-95. Во таборот на Дубаи имаат за што да жалат, особено ако се земе во предвид фуриозниот старт и двоцифрената предност на самиот почеток.
Дубаи имаше плус 11 во првиот дел, потоа и плус 15 во втората четвртина (43-28), но пресудна се покажа серијата од 14 поени на Реал до крајот на полувремето, по која на одмор се замина со само еден поен предност за домаќините на овој турнир (43-42). До самиот крај можеше да се проследи израмнета, Луваву Кабаро со тројка за Реал го одведе мечот во продолжение, а истиот кошаркар од линијата за слободни фрлања стави печат на победата на „кралскиот клуб“.
Центарот Тавареш и Луваву Кабаро беа најефикасни во победничкиот тим со по 20 поени, додека стрелците кај Дубаи ги предводеа Окобо со 24 и Бејкон со 19 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
