Каква „бомба“ за 2-0: Милан го слави Пјатек (видео)

Кжиштоф Пјатек дефинитивно е нов миленик на навивачите на Милан, откако за неполни 30 минути од својот прв старт во дресот на „росонерите“ младиот Полјак му даде два гола на Наполи.

Овој вториот е вистинско ремек-дело, откако Пјатек најпрвин мајсторски си создаде агол, за потоа со топовски удар да ја затресе мрежата на „наполитанците“, за тотална еуфорија на домашните тифози на „Сан Сиро“.

Се вчитува...