Каква е состојбата на Аријан Адеми на десет дена до дуелот со Ерменија…

Аријан Адеми се уште ги нема целосно надминато проблемите со повредата на мускулот заработена пред околу еден месец, поради што македонскиот репрезентативец нема да биде стартер на утрешниот реванш дуел против Шериф во плејофот за влез во групната фаза од Лигата на Шампионите.

Ова е непријатна вест и за селекторот Милевски, кој се надева дека капитенот на Динамо Загреб ќе биде стопроцентно подготвен за настап во септемвриските квалификации и премиерниот дуел со Ерменија закажан за 2 септември. Адеми веќе почна со тренинзи со остатокот од тимот на Динамо, но тренерот Крзнар обелодени дека тој не е подготвен за 90 минути.

Адеми не може да биде стартер. Тој ќе почне од клупата за резерви, па потоа во текот на мечот ќе донесеме одлука дали и колку ќе игра“, изјави Дамир Крзнар.

Аријан Адеми е еден од најстандардните македонски репрезентативци и нема сомнеж дека неговото присуство ќе биде исклучително важно во обидот да се освојат што повеќе бодови на трите средби против Ерменија, Исланд и Романија.

Се вчитува...