Барселона долго тактизираше во потрагата по нов напаѓач целосно насочувајќи го вниманието кон Хулијан Алварез, но откако стана јасно дека Аргентинецот нема да дојде на „Камп ноу“ директорот Деко беше принуден да доведе нова „деветка“ од малиот избор што беше достапен на пазарот.
Без оглед на се, изборот е апсолутно изненадувачки – Габриел Жезус ќе биде новиот напаѓач на каталонскиот гигант откако Барса постигна договор со Арсенал за да го доведе Бразилецот во своите редови.
Жезус беше на излезна врата од почетокот на летово и немаше посериозни купци од Европа, па затоа изненадување е што каталонците решија да тргнат во офанзива. Арсенал едвај чекаше, па клубовите експресно се договорија за перманентен трансфер вреден вкупно 10 милиони евра, со што Артета дефинитивно се ослободи од уште еден фудбалер на чии услуги воопшто не сметаше за новата сезона.
Како што стојат работите, Барселона нема да носи уште еден класичен напаѓач до крајот на преодниот рок, па Ханси Флик во огромен дел од сезоната ќе се крсти во тактиката со „лажна деветка“ што функционираше беспрекорно во првите две рунди. А кога тоа нема да оди најдобро, ќе го има Габриел Жезус за свој „џокер“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
