Калчото продолжи со реми во Торино

Торино и Парма го одиграа првиот натпревар од продолжението на Калчо-лигата, 103 дена по објавениот прекин на италијанскиот фудбалски шампионат поради пандемијата од Ковид-19 што дивееше по Апенинскиот полуостров.

Вечерашниот меч во Торино заврши без победник, 1-1, а домаќините се тие што повеќе ќе жалат за останатите два бода со оглед на случувањата на теренот. Нкулу го доведе домашниот состав во водство со прецизен удар со глава, Куцка израмни пред крајот на полувреме, а „торинезите“ најубавата шанса за победа ја пропуштија во вториот дел, кога Белоти не реализираше пенал.

Торино сега има 28 бода, само три повеќе од опасната зона каде се наоѓаат Лече и Џенова, додека Парма е стабилна на средината од табелата со 36 бода на своето салдо.

Се вчитува...