Календар: МЗТ – Куманово на стартот на новата сезона

Кошаркарската федерација на Македонија одржа работен состанок со претставниците на клубовите – членки на Здружението на клубови од Суперлигата, на кој беа разгледани повеќе прашања поврзани со организацијата и подготовките за новата натпреварувачка сезона 2026/2027.

Она што е клучно, беше извршено ждребање за календарот за новата натпреварувачка сезона, што официјално ќе стартува на 3/4 октомври.

Шампионот МЗТ Скопје на домашен терен ќе го пречека составот на Куманово, Работнички тргнува од гостување во Струмица, а интересно се очекува да биде на дуелот меѓу Скопје и Кожув, каде гостинскиот тренер Миодраг Тодоровиќ со тимот од Гевгелија ќе гостува на клубот со кој ланската сезона (тогаш под името Маџари) направи историски успех стигнување до плејоф-финалето.

ДВОЈКИ 1. КОЛО (3/4.ОКТОМВРИ)

Струмица – Работнички

Пелистер – ТФТ

Скопје – Кожув

МЗТ Скопје Аеродром – МКК Куманово

Штип – Тиквеш Голден Игл

Се вчитува...