Српската кошаркарска репрезентација успеа да остане во игра за пламсан на следното Светско првенство откако славеше во квалификациските натпревари против Грција и Турција. Истите беа добра подготовка за престојниот Евробаскет на кој „орлите“ влегуваат како еден од фаворитите за медал.
За дуелите во кои Србија имаше контрола, но противниците успеваа да се вратат во финишот, како и за амбициите за престојниот континентален собир говореше еден од најискусните во тимот, Никола Калиниќ.
„Не мислевме многу на Евробаскетот, само сакавме да играме и се обидуваме да бидеме се подобри од ден во ден. Мислам дека имаме што да научиме од овие два натпревара и ќе се обидеме да ги поправиме грешките кои ги имавме во завршницата“, вели Калиниќ за „Еврохупс“, а кој потоа се осврна и кон Евробаскетот.
„Мислам дека имаме добар тим. Србија секогаш се бори за медали и тоа е тоа. Кога ќе стигнете до четвртфинале, полуфинале, тука сите тимови се одлични. На ова првенство ќе има до осум тима кои ќе се борат за медал. Ќе биде тешко, но ќе дадеме се од себе и ќе се обидеме да стигнеме до медал“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА