Њујорк го продолжува настапот во плејофот од НБА-лигата откако никс славеа на гостувањето против Филаделфија со 115-118, за триумф од 4-2 во оваа возбудлива плејоф-серија. Брансон повторно беше енигма за одбрана на Филаделфија, асот на Њујорк играше феноменално цела серија, па така и на синоќешниот последен меч беше најефикасен со 41 поен и 12 асистенции.
Во таборот на Филаделфија прво име беше Џоел Ембид со 39 поени и 13 скокови, но ланскиот МВП ќе биде запаметен по неколкуте груби и неспортски стартови во текот на последните натпревари, во знак на немоќ против расположените ривали.
Настапот во плејофот за оваа сезона го заврши и Милвоки, кој беше Јанис Адетокумбо во составот беше елиминиран од Индијана со 2-4 во победи. Синоќешниот шести меч се одигра во Индијанаполис, каде домаќините и полесно од очекувањата триумфираа со 120-98. Топин со 21 и Меконел со 20 поени беа најефикасни во победничкиот тим, додека Лилард ги предводеше стрелците на Милвоки со 28 поени, премалку за да се избегне елиминација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА