Калверт Луин спречи пораз на Евертон

Евертон го губи чекорот со водечките екипи на табелата откако „карамелите“ попладнево ремизираа 1-1 на гостувањето против Барнли.

Домаќинот влезе како претпоследен тим на табелата во овој меч, но одлично му се спротивстави на тимот на Карло Анчелоти, успевајќи и прв да поведе со голот на Брејди во третата минута. Евертон стигна до израмнување благодарение на Калверт Луин, кој на асистенција на Ричарлисон го постигна својот 11. погодок во Премиер-лигата оваа сезона.

Двете екипи во финишот од натпреварот имаа убави шанси за втор погодок, но мечот на крајот заврши без победник.

Се вчитува...